ЕКСКЛУЗИВНО: Дали е подготвен меѓународен мониторинг од меѓународен правен тим за случаевите со кривични кои ги поднесе Бојан Јовановски за јавни функционери?

Бојан Јовановски или попознат како Боки 13, кон крајот на минатата година поднесе десетици кривични пријави до обвинителството за актуелни и поранешни функционери, јавни личности и луѓе за кои се смета дека се вмешани во шема на кривични дела, а поврзани со кршење на законите и рекетирање.

Уште на самиот почеток кога беа поднесени кривичните, неофицијално низ медиумите се говореше дека Бојан Јовановски побарал независни меѓународни правни експерти преку дипломатските претставништва во државава, се со цел заштита и непристрасно водење на случаевите.

Нашите информации од обвинителството велат дека после цели 6 месеци, составен е таков тим од десетина меѓународни правни експерти преку дипломатските претставништва, кои според нашите неофицијални информации кои ги добивме, веќе се пристигнати во Република Македонија од пред неколку дена и подготвуваат агенда за цивилен мониторинг на случајот.

Неофицијално, меѓународниот тим на експерти ќе треба да има средба со подносителот на кривичните пријави Бојан Јовановски, во присуство на лица од обвинителството.

Дали и кога ќе се одржи средбата, ќе чекаме одговор од обвинителството.

Неофицијално, овие луѓе ќе имаат за задача да го мониторираат целиот овој процес, се со цел ефикасност, непристраснот и заштита од влијанија на инволвираните.