Експерименталната орална вакцина против Covid-19 ветува

Испитувањето на експерименталната орална вакцина како дополнителна ткн „бустер“ доза против коронавирусот, која би можела да се даде на лицата кои веќе имаат антитела од претходно вакцинирани или оздравеле од коронавирусната болест Covid-19, изведено на мајмуни покажало ветувачки резултати и веројатно наскоро ќе биде тестирано на луѓе, објавено е во трудот кој сѐ уште не е научно рецензиран на ресуурсот за предобјавување bioRxiv.

Оралната бустер доза од вакцината ја користи традиционалната технологија за правење вакцини кај којашто безопасниот вирус „носач“ ги доставува протеините на коронавирусот во клетките на површината на јазикот или на слузницата во образите или грлото, поттикнувајќи производство антитела кои можат да го блокираат вирусот пред да се вкорени во организмот

„Не само што оралната вакцина против Covid-19 би била поедноставан и поприфатлива…, туку би можела да доведе и до подобар имунитет, бидејќи се применува на кестата каде што гкоронавирусот вообичаено доаѓа во телото“, вели др Стивен Расел, извршен директор на компанијата „Vyriad“ во Рочестер во американската сојузна држава Минесота.

Кај мајмуните една седмица по вакцинирањето нивото на анттелата се зголемила за речиси 100 отсто, и тоа без несакани појави, истакнува Расел кој го водел испитувањето. Додава дека компанијата соработува со американската Агенција за храна и лекови (FDA) во планирањето на испитувањето на луѓе.