Експерти објаснуваат зошто и кога треба да носите маски на отворено

46

Иако скоро целиот документиран пренос на коронавирус се случува во затворен простор, експертите велат дека е оправдано да се носи маската и на отворено, бидејќи и таму постои мал ризик од инфекција.

Ова првенствено се однесува на настани каде што луѓето стојат блиску еден до друг и зборуваат подолго време, како што се политички митинзи или забави на отворено.

Од почетокот на пандемијата, научните студии докажаа дека вирусот се пренесува во ресторани, домови, фабрики, канцеларии, конференции, возови и авиони.

Во студија спроведена на 25.000 случаи, која сè уште не ја поминала рецензијата, приближно шест проценти од случаите се поврзани со инфекција на отворено, како што се спортски настани или концерти.

Овие се оградени области каде што физичкото растојание не се почитувало или каде луѓето престојувале некое време и се движеле разговарајќи или пеејќи гласно.

„Ние не идентификувавме буквално никакви случаи што би ги поврзале со таканаречениот секојдневен живот на отворено“, рекол авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери.

„За истите активности и истата оддалеченост, надворешниот простор е многу побезбеден од внатрешниот, затворениот простор“, се наведува во студијата во која учествувале група научници од американски, британски и германски универзитети.

„Ризикот од пренесување е значително помал на отворено затоа што ослободените вируси се разредуваат побрзо во атмосферата“, напишале научниците споредувајќи го со чадот од цигари.

Аеросоли

Најмалите честички на кои може да се пренесе вирусот, аеросолите, можат да лебдат во воздухот неколку минути или часови, во зависност од воздухот на просторот. Акумулацијата на овие честички е можна во просторија со слаба вентилација. Тоа е, на пример, исто така можно во тесен простор помеѓу две згради каде што нема циркулација на воздухот.

Колку аеросоли е потребно за инфекција не е познато, но колку е поголема количината, толку е поголема веројатноста за инфекција“, рече Стив Елеџ, генетичар и експерт за вируси од Харвард.

Времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор. Една секунда на тротоарот не е доволна за да се заразите, веројатно е барем неколку минути.

„Нема докази дека коронавирусот се пренесува со поминување покрај луѓе на отворено“, заклучиле група научници, но во теорија тоа е исто така можно.

„Кога ќе поминеме покрај луѓе, можно е да вдишете малку од нивното издишување. Ризикот е многу мал, но од принципот на претпазливост, маската не може да наштети“, вели Линзи Мар, експерт за пренос на вирусот на аеросоли на Универзитетот Техника Вирџинија.

Постојат премногу варијабли за да може точно да се пресмета колкав е ризикот од инфекција на тротоарот или во паркот. Тоа зависи од ветерот, но и од сончевите ултравиолетови зраци кои го деактивираат вирусот.

Сите индикации се дека ризикот е мал, но маските сè уште се најефективната безбедносна стратегија.

„Случаен минувач на тротоарот може да кивне во моментот кога ќе помине покрај вас“, буквално објаснила Кристал Полит, професор по епидемиологија на Јеил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.