Експертите го потврдуваат ставот на опозицијата за Законот за ЈО

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците при Собранието во вторникот одржа јавна расправа на темата „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“, на која покрај вообичаените спроиставувања на партиите од власта и опозицијата, можеа да се слушната и размислувањатра на експерите, при што интересено е фактот што и стручњаците блиски на социјалдемократите имаа забелешки за предлог-законот.

Од вчерашните излагања, како што се доби впечаток, доколку се апстрахираат забелешките кои дојдоа од страна на професорките Силјановска Давкова и Јовановска Каракамишева, кои од порано важат како отворено приклонети кон политичките ставови на опозицската ВМРО-ДПМНЕ, и другите експертите кои, пак, важеа за блиски до ставовите на владејачката СДСМ, го потврдија забелешките дека зад предлогот, всушност стои посакувањетро на поранешниот премиер Зоран Заев да се амнестира и себеси и партиската врхушка од евентуален прогон.

Меѓу дискутантите, свои конкретни забелешки за предлог-законот даде професорката по уставно право Гордана Силјановска-Давкова, која беше децидна дека законот треба да се даде на разгледување на Венецијанската комисија и дека не може да се носи по скратена постапка. Со голем дел од нејзините забелешки се согласи и Владо Камбовски, како претседател на Комисијата која го изработуваше предлог-законот. Тој уверуваше дека Собранието „се наоѓа во позиција кога мора да го донесе овој закон, дури и по цена на одложени избори, затоа што без владеење на правото нема перспектива за земјата и тоа е суштествен услов за европска интеграција“.

Професорот Гордан Калајџиев рече дека треба да се искористат добрите работи од законот за СЈО, но го проблематизираше продложувањето на постпаките. Во текот на своето излагање, исто така апелираше до главниот јавен обвинител Љубомир Јовески да го објави писмото од поранешната специјална обвинтелка Катица Јанева, со кое се овозможи трансфер на предметите на СЈО во редовното обвинителство. Претходно, од Јовески тоа го побараа неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа со таков транспарент на галеријата за време на дискусијата на републичкиот обвинител.

Во однос на трансформацијата на СЈО, професорот Гордан Калајџиев, посочи дека едно од можните решенија е целосно ново обвинителство за организиран криминал, кое ќе добие поголема автономност и кое нема да биде водено од актуелниот обвинител. Нагласи дека во иднина треба да се внимава на највисоките функции во земјава да се поставуваат луѓе со интегритет.

„Од прв ден кажавме дека Јанева не беше кој знае каков избор. Но институцијата како таква беше коректна. Немаше потреба поради инцидентот со Јанева да се закопа обвинителството.

Калајџиев, во текот на своето излагање, исто така апелираше до главниот јавен обвинител Љубомир Јовески да го објави писмото од поранешната специјална обвинтелка Катица Јанева, со кое се овозможи трансфер на предметите на СЈО во редовното обвинителство. Претходно, од Јовески тоа го побараа неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа со таков транспарент на галеријата за време на дискусијата на републичкиот обвинител.

Професор Борче Давитковски беше уште покритичен и ја праша владејачката гарнитур „Има ли капетан на овој брод?“ порачувајќи дека е „очигледно непознавањето на системските закони и уставната поделба на власта“. Давитковски кој е експерт за административно право и јавна администрација, го искритикува предлог-текстот на законот доставен до парламентот и истакна дека со овој закон Владата сака сите високи функционери во администрацијата да се бираат од страна на мешана комисија во Собранието, што според експертите е мешање на извршната и законодавната власт, поделени согласно уставот.

„Концептуално овде Собранието нема што да се меша. Собранието е политички контролор на извршната власт и таа функција треба да си ја задржи. Во законот за вработени во јавен сектор, во законот за административни службеници, во закон за јавни претпријатија, закон за установи на пример има менаџерски договори, ако директорот не ги исполнува условите едноставно ќе го разрешите, а не да направиме цело театро како што беше изборот на ДКСК од кое произлезе многу промет, а ќарот многу мал“, рече Давитковски порачувајќи им на пратениците со дигнитет да го вратат овој закон и да му речат на министерство во рамките на постоечките закони да си го реши овој проблем.

!Да не кажувам дека има толку небулозни одредби, каде имаме човек од ЗЕЛС, а не се применува на локална самоуправа и на град Скопје. Дали има капетан на овој брод. Ве прашувам како може директор да одговара дисциплински , пред кого, пред собраниска комисија?“, истакна Давитковски, според кого се работи за очигледно непознавање на постоечките системски закони. Затоа што извршната власт треба да ги решава овие работи, а не законодавната да и помага. Според него овој закон не може да се нарече реформски закон, затоа што реформските закони се носат на почеток, а не на крај на мандат. Ваквиот закон, според професорот, треба веднаш да биде повлечен.