Македонија

Експертите и граѓаните сметаат: Грција стои зад искреираните материјали

Експертите и граѓаните сметаат: Грција стои зад искреираните материјали

Кои странски служби би имале интерес да му достават на лидерот на македонската опозиција Зоран Заев, материјали од снимени телефонски разговори на македонското државно раководство, но и на голем број граѓани на Македонија? Експертите во земјава, најголемиот сомнеж го ставаат на нашиот јужен сосед. Според нив, токму Грција е земјата која има најголем интерес да го направи тоа.

Аналитичарот Александар Пандов вели дека ако се анализираат информациите во изминатве месеци, честите престои на Заев во Грција, проблемот кој Грција го има со нашето уставно име, јази, идентитет… става горомен сомнеж дека најверојатно станува збор за грчките служби.

– Самиот момент што беше обзнанен пред неколку месеци дека господинот Зоран Заев 15-20 пати пешки ја минувал македонско-грчката граница е сомнителен. Тој не верувам дека ја поминувал границата само како Зоран Заев. Многу повеќе верувам дека ја минувал како претседател на СДСМ, и како лидер на опозицијата во Македонија, а со кого таму се среќавал незнам. Огромен е мојот сомнеж дека ова го направиле Грците. Тие и како држава и како народ, се најзаинтересирани да донесат на власт во Македонија човек, лидер на држава, со кого потоа многу лесно ќе преговараат, односно со чија помош многу лесно ќе дојдат до нивната крајна цел – промена на името на земјата. Тоа е нивни взаемен интерес.

Јасно е дека од досегашниот тек на разговорите со медијаторот на ООН, Метју Нимиц, барањето за промена на уставното име на Република Македонија не е единствено барање на другата страна. Станува збор за цел еден пакет, за идентитетот, за јазикот…, не застанува работава само на името. Ако тие имаат свој играч тука, кој им е сервилен и кој ќе ги исполнува сите нивни желби и барања, апсолутно не би затсанале само на промена на името на државата, смета аналитичарот Александар Пандев.

pandov134

Професорот по меѓунаордно право и по човекови права, Александар Даштевски, е со сличен став. И тој е претпоставува дека најголем интерес од ова сепак има Грција.

– Како прво сметам дека големи држави не се инволвираат во вакв случаи, со мали држави како Македонија. Тоа обично го прават помали држави. Второ, мојата претпоставка е дека единствено Грција е државата од соседството која има интерес да го прави тоа. Всушност главен нивни мотив е нивниот национален интерес, кој пак од друга страна е на штета на нашиот национален интерес.

Друга многу важна поента е дека оној што ги дал тие материјали, тоа го направил од некој свој интерес и потоа ќе бара остварување на своите барања. Тоа барање може да биде промена на името на земјата или пак нешто повеќе и од тоа. Може да биде и предизвикување на меѓуетнички конфликт или, пак отцепување на територија. Сите овие работи се многу опасни и никако не смееме да ги занемаруваме.

Господинот Зоран Заев тврди дека материјалите ги добил од домашни извори, а според правните прописи на Република Македонија, класифицираните информации се забранети за објавување во јавноста. Никој нема право да ги објавува, бидејќи тоа е казниво со закон. Исто така, тоа е казниво и според меѓународното право, смета Даштевски, кој е доцент доктор по меѓународно право и човеови права.

latas-bomba

И новинарот Драган Павловиќ Латас, на своето гостување вчера на националната МТВ, во емисијата „Акцент“, претпоставува дека материјалите се добиени или од грчката или од турската разузнавачка служба.

– Се работи за материјали, кои не се достапни до ниту еден граѓанин. Може да има некој службеник во МВР, два, три или пет разговори. Но, ова е цел систем. Вакви материјали може да имаат само силни разузнавачки служби, каква што не е, ни македонската, ни албанската, ни косовската, ни бугарската, ни српската. Во нашиот регион таков капацитет имаат само Турците и Грците.

Според тоа што Заев со своите колеги разговарал, тие материјали во голем дел се синхронизирани на англиски јазик, со методологија која е исклучително стручна, детална и педантна на англиски јазик. Ви потенцирам, дел од материјалите се синхронизирани, тоа се негови фалења, тоа се негови дигања на морал. Судската постапка ќе покаже нешто со што мислам дека ќе бидеме шокирани. Само еден процент од она што Заев го кажувал пред своите колеги, да се покаже на суд, тоа е шокантно, рече Латас.

И граѓаните на Македонија, својот сомнеж го фрлаат на грчките разузнувачки служби. Коментарите и по социјалните мрежи и во меѓусебните разговори се дека Грција е единствената земја што има интерес да го направи ова. Претпоставките се дека им е потребен човек на чело на државата, со кого потоа многу лесно ќе ги остваурваат своите интереси, односно промена на името, на јазикот, на идентот на Македонците.