Експертите предвидуваат скора криза на светската економија

Економските експерти предвидуваат нови проблеми во глобалната економија пред крајот на годинава, пишува деловната новинска агенција Bloomberg.

Стручњаците го истакнуваат неодамнешното закрепнување на глобалната економија, но предупредуваат дека сѐ уште има многу причини за загриженост и ризици. Така, според советникот за глобална економија на „Pacific Investment Management“, Јоахим Фелс, редица земји веќе минуваат низ периодот на пикот на закрепнувањето по што ќе започне рецесијата.

Владите на развиените земји веќе потрошија милијарди долари на мерките за поддршка за да ги помогнат националните економиии колку е можно понормално да функционираат во услови на пандемијата на коронавирусот. Благодарејќи на тоа, на пример, невработеноста во САД остро падна во август, а состојбата на пазарот на недвижнини се подобри. Кинеската економија, исто така, закрепнува, а расте и произвдотвото во Германија. Истоврмено, пазарите во развој добија можноста малку да „здивнат“ поради падот на курсот на американскиот долар.

Меѓутоа, одржувањето на позициите на сите овие фронтови нема да биде лесно, сметаат економистите. Тоа ќе бара од властите да ги засилат напорите за стимулирање на економиите во време кога многу од нив се подгетвени да ги намалат мерките за поддршка. На пример, во САД во август се создадени 1,4 милиони работини места. Како што истакнува Рајан Свит, од бонитетната агенција Moody’s, економијата треба да „го задржи ова темпо“, но без финансиска поддршка ќе биде тешко тоа да се направи. Постојат и други знаци за предупредување. На пример, на почетокот од овој месец, неколку големи брендови најавија намалување на работните места. Меѓу нив се „Ford Motor Co.“ и „United Airlines Holdings Inc.“. Покрај тоа, тензиите во односите меѓу САД и Кина може да се интензивираат пред американските претседателски избори на почетокот од ноември. Тоа, пак, ќе ја поткопа довербата во бизнисот, се забележува во написот.

Во Кина, каде што епидемијата на коронавирусот беше сузбиена пред неколку месеци, забележливо е слабата заинтересираност на потрошувачите за купувања. Истовремени, најголемите банки во земјата известија за најголем пад на профитот во повеќе од една деценија, како резултат на растот на ненаплатливите пласмани.

Европските фабрики се обидуваат да ги намалат трошоците, бидејќи слабата побарувачка и пониските цени ги прагаѓаат профитите. Друг проблем е ризикот од вториот бран на коронавирусот. Ворик Меккибин, од Brookings Institut, верува дека ќе биде потребно многу време за да се спроведе вакцинацијата во целиот свет, по што би се вратиле нормалните стопански активности. Тој ја оценува штетата којашто глобалната економија ќе ја претрпи поради пандемијата во текот на следните години на 35 трилиони долари.