Експертите за енергетика против укинувањето на евтината тарифа

По информациите дека е можно укинување на евтината тарифа на електричната енергија, експертите од енергетскиот сектор едногласни и децидни, тоа не смее да се случи. Без разлика дали во западно европските држави постои користење на евтина струја во оделни периоди од денот или не, тоа не може да биде аргумент заб укинување, со оглед на економската состојба во земјава. Ова е личен став на Митко Андреевски кој беше и советник за енергетика во владата на Зоран Заев.

„Таа евтина тарифа на електричната енергија придонесува за баш за ранливите категории граѓани, како што се пензионерите, луѓе со ниски приходи, луѓе кои немаат работни обврски во тој дел на денот и ја користат евтината тарифа“, рече Митко Андреевски, експерт по енергетика за Алсат М.

Професорот пак, Константин Димитров смета дека одлуката за укинување на евтината струја ќе биде политичка исто како што беше ситуацијата и кога повторно се воведе. Тој смета дека евтината тарифа на струјата треба да остане затоа што е од големо значење за домаќинствата и за нивниот буџет. Димитров смета дека треба да се направат и промена на термините за што повеќе граѓани да ја користат оваа поволност.

Европските директиви и правила се задоволени со тоа што Македонија донесе посебен Закон за енергетика кој успешно се имплементира во пракса, коментираат експертите. Инаку, Алсат вчера  повикувајќи се на свои извори објави дека во Регулаторната комисија за енергетика се прават анализи за укинување на евтината тарифа на струјата. Претседателот на комисијата Марко Бислимовски рече дека за оваа тема повеќе детали официјално ќе соопштат во петок.