Експертска екипа на СЗО влегува во Вухан

Експертска екипа на Светската здравствена организација (СЗО) во четврток ќе пристигне во Кина да го истражи потеклото на пандемијата на коронавирусот, соопшти Националната здравствена комисија во Пекинг.

Првично експертскиот тим на СЗО требаше да пристигне во Кина на почетокот на јануари, но властите во Пекинг не се согласија веднаш да го одобрат нивното пристигнување.

Британските медиуми јавуваат дека Националната здравствена комисија, која го објави датумот на пристигнување на истражниот тим на СЗО, не даде повеќе детали за планот на активностите на истражителите на СЗО.