Експлодира брод во Истанбул, има повредени (ВИДЕО)

Најмалку пет работници се повредени во експлозија на брод во бродоградилиштето Тузла во Истанбул.

Се сомнева дека дошло до експлозија на гас. На терен се голем број пожарникари и медицински екипи.

Според неофицијални информации, по еден од работниците кој бил на бродот се уште се трага.