Експлодира плинска боца во куќа во Штип, повредени три лица

110

Во СВР Штип вчера во 12.25 часот било пријавено дека околу 09.00 часот во куќа на ул.„5 Партиска конференција“ во Штип настанала експлозија на плинска боца, при што со повреди се здобиле Р.Г.(67), Д.Г.(43) и малолетник, констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.