Експлозија и пожар кај аеродромот Хитроу: Се слушна детонација како бомба

Околу лондонскиот аеродром Хитроу се шири голем пожар во околните дворови, по „големата детонација што личеше на бомба или експлозија“, пренесува лондонскиот весник „Мирор“.

Лондонскиот весник додава дека огромен облак од чад се крева на небото и се верува дека доаѓа од авион што слетал на Хитроу, додека пожарникарите предупредија дека пожарот се проширил на  градините на домовите на луѓето од населбата Фелтам.

Пожарот зафатил дрвја, жива ограда, грмушки, трева на бројни домаќинства на патот кај Фелтам.

Многумина кои живеат во близина на инцидентот изјавија дека слушнале силна експлозија, а еден очевидец дури кажа дека слушнал удар како „бомба или некој вид експлозија“.

Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се на местото на пожарот во Херефорд Роуд, а досега се примени 44 повици за интервенција.

Градската полиција ги советува граѓаните да ја избегнуваат областа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.