Експлозија на автобуска станица во Целје, двајца повредени

39

Експлозија одекнала на автобуската станица во Целје од која има повредени најмалку две лица, соопшти словенечката полиција. Според првичните информации, експлозијата се случила денеска околу пладне, а се претпоставува дека е последица од дефект на гасоводот, јавува агнецијата СТА.

Полицијата и обвинителстовото ја истражуваат причината за несреќата, а граѓаните се информирани да не се движата во бчлизината на автобуската станица. Од одделението за цивилна заштита и помош во случај на катастрофи информираат дека сообраќајнициата која поминува во близина на автобуската станица е затворена додека траат истаржните активности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.