Експлозија во џамија во Авганистан за време на молитва

Денес се случи експлозија во шиитска џамија во Кандахар во Авганистан за време на молитва. Според првичните извештаи, станува збор за бомбаш самоубиец.

Во моментов нема точна бројка, но агенциите јавуваат дека бројот на жртви е голем. Засега јавуваат дека најмалку седум лица загинале.