Експлозија во Минхен кај железничката станица, има повредени

Силна експлозија се случила во близина на фреквентната железничка станица во германскиот град Минхен, соопшти германската полиција.

Експлозијата се случила за време на градежни работи во близина на станицата Донерсбергербрике.

Германскиот Билд јавува дека три лица се повредени, од кои едно потешко. Тресокот се слушна на неколку километри.

Според Билд, експлодирала бомба од Втората светска војна.

Полицијата ја опколила областа и потврди дека експлодирала бомба.