Експлозија во ресторан во Абу Даби, неколкумина се повредени

Неколку лица се повредени при експлозија на плинска боца во ресторан во Абу Даби, објави локалната полиција на Твитер.

Како што наведе полицијата, во експлозијата биле оштетени и неколку продавници.

Екипите за цивилна одбрана работат на гаснење на пожарот.

Засега не е прецизирано колку луѓе се повредени во пожарот, ниту колку објекти се оштетени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.