Експлозија во руски супермаркет, едно лице е повредено

Во експлозија на гас која се случи денеска во еден супермаркет во рускиот град Владикавказ повредено е едно лице и причинета е огромна материјална штета.

Властите во Владикавказ, главниот град на Северна Осетија, потврдија дека едно лице е повредено и најверојатно станува збор за ноќниот чувар на објектот, а можно е уште едно лице да се наоѓа под урнатините по експлозијата, бидејќи зградата е целосно уништена, објави ТАСС.

– Според првичните податоци, неколку луѓе се наоѓале во зградата во моментот на експлозијата. Можно е едно лице да останало под урнатините, соопшти спасувачката служба.

Супермаркетот во кој се случи несреќата бил затворен за купувачите во моментот на експлозијата.