Експлозии во Атина, едно лице повредено

Едно лице е полесно повредено откако е фрлена рачна бомба врз полициска станица во Атина, сооопшти грчката полиција, а во одделна експлозија оштетена е зград во којашто се наоѓа приватна телевизија

Одговорноста за нападот ја презеде група, која на ултралевичарски сајт се потпишпа само како „анархисти“. Нападот се случи утрово пред мугрите, а повреденото лице е таксист.

Во понеделникот, исто така, непознати напаѓачиу употребиле импровизирана експлозивна направа со резервоар за гас и во раните утрински часови предизвикале оштетување на влезот во зградата во коај се наоѓа приватната телевизија ART во атинскиот карт Калитеа.

„Експлозивна направа е детонирана кусо по 2 часот, предизвикувајќи помали штети и нема повредени“, соопшти атинската полиција.

Телевизијата ART е во сосптвеност на Јоргос Карацаферис, челник на десничарското Народно прагославно движење (LAOS), кое учествуваше во коалицската влада во периодот на кулминацијата на грчката должничка криза во 2011 и 2012 година.