Експлозии во поштенски компании во Холандија

EPA-EFE/MICHEL VAN BERGEN

Две експлозии одекнаа во средата претпладнето во поштенски експозитури во холандските градови Амстердам и Керкраде, објави на својот профил на Twitter на својата страница.

Според полициското соопштение, една експлозија се случила во посебен канцелариски објект на поштенска компанија во Амстердам во 8 часот по локално време.

„Можна причина е пакет со експлозив. Никој не е повреден во експлозијата“, се истакнува во објавата. На местото на настанот работат припадници на повеќе полициски оддели.

Втората експлозија одекнала на место за сортирање на поштенските пратки во градот Керкраде во 8,30 часот.

„Никој не е повреден. Сите луѓе од зградата беа евакуирани. Припадниците на единицата за експлозиви се пристигнати на местото на настанот за спроведување на истрагата“, соопшти полицијата.

Агенцијата Reuters по експлозијата во Амстердам информираше за втор сличен инцидент во најголемиот град во земјата, но подоцна прецизираше дека експлозијата во Киркрад.

„Во моментов не е познато дали постои поврзаност меѓу оваа експлозија и инцидентот во Амстердан“, додава полицијата која се сомнева дека станува збор за ткн „писма бомби“.

Минатиот месец пакети со експлозиви биле доставени до разни компании во Амстердам, Ротердам, Утрехт и Маастрихт. Ниедна од тие пратки не беше детонирана. Полицијата сѐ уште досега не успеа да утврди кој стои зад овие пратки.