Експлозии во „Зелената зона“ на Багдад, нема жртви

(AP Photo/Nasser Nasser)

Проектил екслодирал во силно утврдената ткн „Зелена зона“ на ирачката престолнина Багдад, во којашто  се сместени владините институции и странските дипломатски мисии меѓу кои и големиот комплекс на амбасадата на САД, пренесува во саботата вечерта дописникот на телевизијата Sky News Arabia.

Во извештајот се наведува дека две ракети експлодирла во „Зеланата зона“, и дека правците кои водат кон амбасадата на САД се блокиран. Засега нема инфромации за евентуално настрадани и штети.

„Неколку ракети експлодираа во саботата во центарот на Багдад, во станбениот кварт ал-Џадрија, и во близина на воената база ‘Балад’ на северот од главниот град. Човечки жртви во овој момент не се пријавени“, се наведува во соопштението на безбедносните сили на Ирак.

Ракетите истрелани од повеќецевниот лансирен систем „качуша“ експлодирле во кругот на базата „Балад“, 80 километри северно од Багдад, во која се стационирани американски сили.

Повикувајќи се на свои извори, телевизијата Al Arabia соопшти дека пет лица се повредени во гранатирањето на областа ал-Џидрија.

Ракетирањето за коешто досега никој не ја презема одговорноста, доаѓа во услови на максимално нараснати тензии по американските напади од претходните денови врз ирачките шиитски доброволечки милиции и атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад и нападот врз американската амбасада.