Експлозија на воен полигон во Чачак: Најмалку две жртви

На воен полигон на компанијата „Слобода“ се случила експлозија во која, според неофицијални податоци, загинале најмалку две лица.

Директорот на компанијата „Слобода“, Зоран Стефановиќ, за српски „Танјуг“, потврдил дека во експлозијата имало повредени.

Тој рекол дека засега се знае дека неидентификувани лица влегле на полигонот, најверојатно сакале да крадат муниција, по што се случила несреќа.

Стефановиќ рекол дека има повредени, дека полицијата направила увид за да се утврдат причините за несреќата.