Експлозија пред ресторан во Атина

Експлозија одекна пред ресторан во атинската населба Неа Еритреа.

Според првичните информации во експлозијата нема повредени, туку е причинета само материјална штета.

Ова е втора експлозија за два месеца во ресторанот „Ла скала“, откако на 15 мај моќна експлозија на истото место предизвика материјална штета врз зградата, шест автомобили и еден мотоцикл.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.