Експлозија пред зградата на СВР Скопје

Експлозија пред зградата на СВР Скопје
Експлозија пред зградата на СВР Скопје

Силна експлозија одекнала вчеравечер во близина на зградата на СВР Скопје.

Околу 30 минути по полноќ на улицата „Ангел Димовски“, на паркинг-просторот во близина на зградата на СВР Скопје, засега непознат сторител активирал експлозивна направа, при што се слушнала силна детонација. Од детонацијата има оштетено 5-6 паркирани возила.

Местото било веднаш обезбедено, пишува Прес24.

Полицијата изврши увид на лице место. Засега нема детали околу екзплозијата.

Повеќе информации околу експлозијата пред зградата на СВР Скопје во текот на денешниот ден.