Експлозија во складишта со нафта во Марсеј

Две експлозии одекнаа денеска во складиште за нафта во француската префектура Устието на Рона во јужниот дел на земјата, на десет километри од аеродромот во Марсеј.

Резервоари, од кои едниот полн со бензин, а другиот со нафта, на 500 метри оддалеченост еден од друг експлодирале и густ отровен чад се крева во воздухот и е видлив на околу 1,5 километри од местото на експлозијата.

На местото на несреќата веднаш се испратени околу 120 пожарникари, изјави извор близок до истрагата, пренесува МИА.

Експлозија се случила рано изутрината во складиштето на мултинационалната хемиска компанија „Лионел Басел“, која работи на пет континенти и вработува околу 11 илјади лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.