Експлозија во Хамбург, најмалку 21 повредени

Експлозија во Хамбург, најмалку 21 повредени
Експлозија во Хамбург, најмалку 21 повредени

Најмалку 21 лице е повредено при денешната експлозија во Хамбург во столарија која е сместена во поранешен бункер.

Засега причината за експлозија во Хамбург е непозната, меѓутоа Зградата од Втората светска војна и во неа имало околу 100 тони етерични масла.

Меѓу повредените има и шестмина пожарникари, бидејќи страшната експлозија во Хамбург се случила за време на гаснење пожар.

Повеќе од 60 луѓе биле евакуирани.

Изгоре центар за бегалци во Хамбург

Пред неколку месеци пожар избувна во Центар за бегалци и лица кои бараат азил во Хамбург.

Пожарникарите успеале да спасат само десет луѓе од Центарот, а пет лица од комплексот се водеа за исчезнати.

Експлозија во голема хемиска фабрика во Ритерхуде

Голема експлозија минатата година избувна во хемиска фабрика во Ритерхуде во северна Германија.

Поради јачината експлозијата се слушнала неколку километри подалеку и неколку згради на фабричкиот комплекс се запалиле.

При експлозијата исчезнал еден работник, додека едно лице е повредено.

„Блиските куќи се тешко оштетни,“ изјави тогаш за Билд портпаролот на полицијата Маркус Нојман.

Весникот пишуваше дека и една зграда потполно се срушила, а на луѓето кои стануваат во околината советувано им е да ги затворат вратите и прозорците.

Ритерхуде кој има 15 илјади жители, се наоѓа североисточно од Бремен.

Експлозија и во Турција

Експлозија избувнала синоќа на дел од гасоводот Баку-Тбилиси-Карс-Ерзурум, што се наоѓа во турскиот округ Карс во близина на градот Саракамаш, јави Анадолија. Преносот на гас преку гасоводот е прекинато. Причините за експлозијата се истражуваат.

На 29 јули терористи го разнесоа делот од нафтоводот Киркук-Јумурталак, по кој во Турција се пренесува нафта од автономниот реон на Ирачки Курдистан.

Според некои податоци, загубите на ирачката курдска администрација од прекинот на транзитот на нафта, се проценуваат на 200 милиони долари, пренесува МИА.