Експлозијата во Медисон Сквер Гарден го смести Харден во историјата

Џејсм Харден постигна 61 кош ноќта кон четвртокот во победата на Хјустон Рокетс од 114:110 на гостувањето кај Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“, со што ја продолжи својата серија натпревари со 30 и повеќе поени која трае веќе 21 дуел, а стана само петиот играч во НБА лигата кој повеќе од еднаш постигнал 60 кошеви на еден натпревар.

Харден до 61-от кош дојде со забивање на 3,8 секунди пред истекот на времето, потврдувајќи ја победата на Рокетс. Од игра гаѓаше 17 од 38 обиди, погоди само пет „тројки“ од 20 обиди, но уфрли 22 од 25 слободни фрлања. На тоа додаде 15 скокови, пет освоени топки и четири асистенции.

Најдобриот играч на Хјустон влезе така во ексклузивното друштво на играчи кои барем двапати во НБА лигата постигнале 60 и повеќе кошеви. Високо на чело на табелтаа е легендарниот Вилт Чемберлен со 32 вакви натпревари, а на листата се уште и Коби Брајант со шест, Мајкл Џордан со четири, Елџин Бејлор со три и од синоќа Џејмс Харден со два натпревара.

Чембрлен е далеку и пред Харден и по бројот на последователни натпревари со 30 или повеќе кошеви, иако сегашната серија на Харден од 21 меч, којашто започна на 8-ми декември, делува импресивно. Но Чембрлен има дури три сериии кои биле подолги од оваа на Харден. Рекордот му изнесува 65 натпревари со 30 и повеќе поени, а имал и серии од 31 и 25 дуели со вакво остварување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.