Над половина од приговорите за екстерното тестирање неосновани

Над половина од приговорите за екстерното тестирање неосновани

Над половина од поднесените 2.855 приговори околу тестовите од екстерното тестирање во јунската сесија биле одбиени како неосновани, соопшти Државниот испитен центар.

– Прифатени се 17,09 проценти, делумно прифатени се 26,34 проценти од приговорите, а повеќе од 50 отсто од приговорите се неосновани. Мал дел од приговорите (околу 40) се однесуваат на нецелосно процесирани резултати и тие се уште се решаваат во комуникација со училиштата. Забележително е поголем бројот на поднесени приговори од ученици на кои им е потребен еден поен за премин во наредна оценка без основа за приговор, информира ДИЦ.

Центарот посочува и дека најголем број од приговорите се поднесени за предметите математика, македонски јазик, информатика и биологија.

– Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат коригирани или избришани од базата на прашања, додава ДИЦ.