Екстерното тестирање се одвива непречено

Вкупно 7.387 ученици од завршните години во средното образование се опфатени денеска со процесот на екстерното тестирање.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, повикувајќи се на кол-центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, тестирањето кое почна во 9:30 часот, засега се одвива непречено.

Оваа фаза од екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците ќе опфати вкупно 19.931 ученици од завршните години во средното образование кои ќе бидат тестирани по 1.662 предмети, за кои беа генерирани и јавно достапни 85.000 прашања.

Прелиминарните резултати од тестирањето ќе бидат објавени на 8 февруари, додека поднесувањето приговори ќе трае до 10 февруари.