Ел Чека до Ахмети: Сте ја допреле мојата тригодишна внука, ќе се видиме со вашите семејства

Кичевецот Шеќерим Алиу кој од Чикаго објавува аудио бомби за ДУИ се закани по безбедноста на семејствата на Али Ахмети и негови соработници откако некој од опкружувањето на лидерот на ДУИ наводно „ја допрел“ тригодишната внука на Ел Чека.

„Допревте едно тригодишно девојче, ја допревте мојата внука како што ми се заканивте, сега не очекувајте добро однесување, не очекувајте културни зборови, се гледаме о Али, се гледаме о Исмет, ќе се видиме и со вашите семејства“, пишува Ел Чека на Фејсбук и најавува пресметка во која би можеле да настрадаат семејства на членови на ДУИ.

Најавите на Ел Чека звучат сериозно затоа што тој тврди дека е поврзан со Кумановската група која уби 8 македонски специјалци во Диво Насеље.