Ел Чека му одговори на Заев: Проблем ти е што ти пропадна планот за рекет и уцени!

Не знам зошто Ел Чека објавува разговори само за Али Ахмети, дајте ми телефон ќе му се јавам и ќе го прашам, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.

Ел Чека на својот фејсбук профил му одговори на премиерот Заев порачувајќи му дека пропаднал планот за рекетирање и уценување.

зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување!
Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на таа држава што ги ослободува криминалците, а секој ден и ги држи Албанците во затворите. Не заборавај земи го Али со Николче и дојдете навака. Мртви тела од денот кога дојдовте на свет!, напиша Ел Чека на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.