11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ел Чека му порача на Заев: Ќе се вратам ако те судат и тебе за „бомбите“

Кичевецот со иницијали А.Ш., кој стои зад псевдонимот „Ел Чека“ и кој преку својот фејсбук профил објавува „бомби“ за функционери на ДУИ се огласи повторно во петокот преки социјалната мрежа.

Ел Чека порачува дека ќе се врати во земјава да му судат за „бомбите“, но само ако на обвинителната клупа седне и премиерот Зоран Заев со него.

Што се однесува до обвиненијата што се покренаа против мене поради објавувањето на неколку прислушувања на твоите владини колеги, подготвен да се вратам во државата што вие ја украдовте од нас и да излезам пред правдата, но под еден услов:
Ако и двајцата седнеме пред судот како што и двајцата сме го сториле истиот криминал, ти пред неколку години јас сега!
Ако сакаш да играме тогаш почнуваме да играме, бидејќи мојот тренер има тактика што не знае загуба!
Со почит Ел Чека.