Ел Чека повторно објави „бомби“ за ДУИ

Во изминатото деноноќие Ел Чека преку фејсбук повторно почна да објавува незаконско прислушувани телефонски разговори.

Во еден од разговорите тврди дека се слушаат гласовите на Али Ахмети и Муса Џафери, кои како што посочува зборувале за потпишувања спротивно на законите.

И во другиот објавен разговор тврди дека главен лик е Муса Џафери.

Како што најави 28 годишниот  Ахмеди Шеќерим од Кичево, кој во моментов се наоѓа во Чикаго новите „бомби“ ги  пушта во раните утрински часови.

Ел Чека, пред извесно време посочи дека бомбите ги објавува по наредба на осудените од Диво Насеље кои сега бараат меѓународна истрага. Го предупреди премиерот Зоран Заев да внимава на осудените за овој случај. 

Пред десетина дена Основното јавно обвинителство достави кривична пријава до кичевското Обвинителство против лицето Ел Чека за неовластено прислушување и тонско снимање според членовите 151 и 152 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Ел Чека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД, а негова пријавена адреса на живеење е во кичевското село Туин. Обвинителството побара и меѓународна правна помош со цел обезбедување потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Обвинителството се обратило и до надлежните органи во САД да преземат законски дејства во насока нa спречување натамошно објавување на сниманите материјали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.