Ел Класико: Реал налета на Барселона – 0:3

Фудбалерите на водечкиот тим во шпанското фудбалско првенство Барселона во саботата во Ел Класико го совладаа мадридски Реал на неговиот „Сантјаго Бернабеу“ со 3:0 и по 17 кола ја зголемија разликата од најголемиот ривал и актуелен шампион на 14 бодови.

Сите голови беа постигнати во второто полувреме, а стрелци за Барселона беа Лиус Суарез во 54, Лионел Меси од пенал во 64 минута и Алекс Видал во третата минута од судиското продолжување. Поразот на Реал Мадрид го потврди непишаното правило, дека „кралевите“ досега само двапати во историјата победиле во првиот натпревар одигран веднаш откако ќе ја освојат титулата светски клупски шампион.

Реал Мадрид прв се закани, и Кристијано Роналдо постигна гол уште во втората минута, но беше поништен поради офсајд ситуација. Барселона неколкупати се закани од противнапади, но најдобрата шанса ја имаше во 29 минута, но ударот на Паулињо со сопре реаловиот голман. Последното возбудување во првиот дел се случи во 43 минута, откако нафрли Марсело а центарфорот Бензема со глава ја погоди стативата од голот на гостите.

Се чини дека клучниот момент на мечот се одигра во 54 минута кога Иван Ракитиќ од центарот поведе нов противнапад на Барселона и на врвот од казнениот простор го пронајде Серхио Роберто, кој го продолжи додавањето до Луси Суарез, а уругвајскиот напаѓач ја погоди мрежата за водство на Каталонците.

Вториот гол Барса го постигна во 64 минута од пенал. Меѓутоа, на тоа претходеше акцијата во којашто Луис Суарез двапати беше во стопроцентна ситуација. Неговиот прв обид го одбрани голманот на Реал Кејлор Навас, а вториот заврши во дирекот и се одби до Паулињо кој шутираше од близина со глава, но реаловиот бел Дани Карвахал со рака го спречи погодокот и заработи црвен картон. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Лионел Меси.

Потоа Барселона имаше уште две шанси да го зголеми водството, но Семедо во 80 и Андре Гомеш во првата минута од продолжението не беа прецизни. Сепак во третата минута од судискоро продолжение Алекс Видал погоди за конечните 3:0.
Најдобрата шанса Реал во второто полувреме ја имаше во 78 минута, а нејзин краетор беше Лука Модриќ кој го проигра Герет Бејл, кој на теренот влезе во вториот дел, но гостинскиот голман Марк-Анде Тер Штеген го одбрани неговиот удар.

Барселона е на чело на табелата со 45 бодови, а втор е Алтетико Мадрид со 36 бодови, а го следи Валенсија која има 34 бодови но и меч помалку. Реал Мадрид, со натпревар помалку, останува на четвртото место со 31 бод.