Ел Класико за Реал, Суарез го спаси Атлетико од Сосиедад

108

Во едно од најголемите фудбалски дуели на планетата Реал Мадрид на „Камп Ноу“ пред 86.422 гледачи ја совлада Барселона со 2:1, а во последнито дуел на 10-то коло од шпанското првенство во битката за самиот врв на табелата Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад одиграа без победник 2:2, откако домашните во последните половина час спаси бод.

Тимот од Сан Себастијан на гостувањето во Мадрид поведе веќе во 7 минута со голот на Александер Сорлот, а водството на Реал Сосиедад го удвои Александер Исак во 47 минута. Атлетико го намали заостанувањето во 61 минута преку Луиз Суарез кој во 77 минута реализираше пенал за израмнување.

Реал Сосиедад и по тешкото гостување кај актуелниот шампион остана на врвот на Примера со 21 бод, но сите три клобови кои го следат Реал Мадрид и Севилја со 20 и Атлетико Мадрис со 18 бодови имаат натпревар помалку.

По ланската победа од 3:1, Реал Мадрид со денешната од 2:1 успеа да врзе две лигашки победи на теренот на Барселона, што му успелао само во дамнеќните 1929 и 1930, како и во 1963 и1964 година.

Интересен е и податокот дека Роналд Куман стана само вториот тренер во историјата кој ги загубил првите три „Ел Класија“. Пред него тоа му се слили на Патрик О“Конел во периодот меѓу 1935 и 1940 година, исто така, на клупата на Барселона.

Ова беше и првото „Ел Класико“ по цели 18 години без Лионел Меси или Кристијано Роналдо во тумовите на Барса односно Реал.

Иако Барселона имаше поголем посед на топката и повеќе удари кон противничкиот гол, Реал сосема заслужено победи. Шутот од пенал на Серхио Агуеро во седмата минута од судиското продолжение беше првиот удар во рамките на противничкиот гол за Барса.

По мирното и претпазливо отворање на мечот, првата голема шанса ја имаше Сержињо Дест кој во 25 минута се најде сам пред Тибо Куртоа но несфатливо го префрли целиот гол. Седум минути подоцна Реал возврати со гол, од брзиот против напад кој го реализираше Давид Алаба.

Барса можеше брзо да се врати кога во 35 минута по изведениот корнер Жерар Пике со глава шутираше крај гостинскиот гол. Во продолжението Барселона вршеше притисок, но без да создаде вистински шанси, а гостите една таква ја искористира во четвртата минута од продолжението кога Лукас Васкез прифати одбиена топка и ја спроведе во домашната мрежа.

Барселона остана на 15 бодови на деветтото место од девет кола.

Во претходно одиграниот одлучен натпревар Севилја дома го победи Леванте со 5:3. Андалузискиот тим имаше предност од 4:1, но Леванте на 30 минути пред крајот се добиложи до гол заостанување. Сепак, Севилја набрзо постигна погодок и до крајот го одбрани водството.

За Севилја стрелци беа Оливер Торес во 8, Рафа Мир во 24, Диего Карлос во 38, Минил Ел Хадади во 50 и Фернандо Регес во 64, минута, а за Леванте погодија Хозе Луис Моралес во 34 и 56 и Гонзало Мелеро во 62 минута. Леванте е претпоследен 19-ти со само пет бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.