Елче и Селта ги поделија бодовите

Во првиот натпревар во рамките на деветтото коло на шпанското фудбалско првенство Елче и Селта Виго ремизираа со резултат 1:1 постигнат уште во првиот дел.

Елче дојде во водство уште во 4 минута, кога Фидел Чавез реализираше пенал/ Селта до израмнувањето дојде во 41 минута кога Санти Мина шутираше прецизно но и не многу силно од дваесетина метри и го изненади домашниот голман Бадиа.

Елче со 11 бодови е на деветтото место, а Селта Виго со седум бодови е на 17-та позиција. На табелата води Реал Сосиедад со 17 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид кој има и меч помалку.

Во саботата се среќаваат: Уеска – Еибар од 14 часот, Барселона – Бетис од 16,15 часот, Севилја – Осасуна од 18,30 часот и Атлетико Мадрид – Кадиз од 21 часот.

Преостанатите пет натпревари од колото се играат в недела, а двојките се: Хетафе – Вилјареал во 14 часот, Реал Сосиедад – Гранада во 16,15 часот, Леванте – Алавес во 18,30 часот кога се игра и дуелот Вајадолид – Атлетик Билбао и Валенсија – Реал Мадрид од 21 часот.