Елче подобар од Валенсија

35

Во првиот натпревар од седмото коло на шпанското фудбалско првенство во петокот вечерта Елче на свој терен ја совлада Валенсија со 2:1.

За домашните стрелци беа Фернандез Помарес Жосан во 19 и Фидел Чавез во 37 минута, додека гостите успеаја да намалат во 74 минута преку Тони Лато.

Елче ја продолжи низата од четири натпревари без пораз, а ова му е трета победа сезонава и со 10 бодови од пет натпревари е на петтото место. Валенсија го забележа четвртиот пораз и со седум бодови од исто толку мечеви се наоѓа на 13-то место. Водечките Реал Сосиедад и Вилјареал имаат по 11 бодово.

Саботната програма во 16 часот ја отвора дербито „Ел Класико“ на „Камп Ноу“. Пресметката меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе покаже дали великаните ги надминале кризите во своите редови.

Во сабота уште играат Осасуна – Атлетик Билбао, Севилја – Еибар о Атлетико Мадрид – Берис.

Во недела: Вајадолид – Алавес, Кадиз – Вилјареал, Хетафе – Гранада, Реал Сосиедад – Уеска, а во понеделник играат Леванте – Селта Виго.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.