Елцин го предупредил Клинтон за Крим

На интернет странциата на претседателската библиотека на Бил Клинтон во Литл Рок во сојузната американска држава Арканзас, од петокот се објавени илјадници документи за американско-руските односи во текот на 1990-те години од кои е симната ознаката за доверливост.

Како што беше објавено, објавената архива вклучува транскрипти од разговорите меѓу првиот претседател на Русија, Борис Елцин, и неговиот американски колега по должност Бил Клинтон, во кои не само што се споменува изборот на Владимир Путин за наследник на рускиот претседател, туку и укажувањето на Елцин од можноста Крим да ѝ биде вратен на Русија, откако во периодот на Советскиот сојуз админитстративно е припоен на Украина која потоа на црноморскиот полуостров му ја укина автономијата, како и неговите упорни апели до Клинтон да не ги прима поранешните советски републики во НАТО.

Од разговорите се гледа дека тие имале голема доверливост. Во објавените документи, исто така, е одбележано дека на 21-ви април 1996 година, месец и половина пред претседателските избори во Русија, во текот на посетата на Бил Клинтон на Москва, Борис Елцин го предупредил тогашниот челник на САД на опасноста од враќањето на комунистите на власт во Русија, како и дека тоа се „фанатици кои можат се’ да уништат“, па и да посакаат да го вратат Крим, како и дека имаат дури и претензии на Алјаска. Елцин стравувал дека „овие усвитени глави“ ќе предизвикаат граѓанска војна.

Тогашниот руски претседател, како што покажуваат транскриптите, не наишол на разбирање кај американскиот колега која во текот на една од нивните средби побарла НАТО, барем не веднаш, да не се проширува кон поранешните региони на Советскиот сојуз. За таков договор и ветување од Вашингтон инаку повеќепати зборуваше последниот советски челник Михаил Горбачев.

„Ајде очи в очи да се договориме поранешните советски републки дека нема да бидат во првиот бран (од проширувањето). Бил, те молам да ме сфатиш. Летам назад во Русија со голем товар на плеќите. Ќе ми биде многу тешко да се вратам дома и да се помирам со проширувањето на НАТО. Многу тешко“, рекол Елцин.

Клинтон тогаш го прекорил поради тоа што ја допрел темата којашто би можела да „стави клин“ меѓу земјите.

„НАТО делува врз основа на консензус. Доколку одлучите да бидете во НАТО, веројатно ќе сакате и другите земји да ја делаат таа судбина. Но ова прашање не е покренато. Потребно е да се најде решение за краткорочните проблеми за да избегнеме долгорочен проблем на зачувување на старите стереотипи за вас и вашите намери… Го слушнав вашето барање, но не сакам да сторам нешто што ќе ги сочува старата Русија и стариот НАТО во претходната форма“, одговрил Клинтон.