Електричните водови на нуклеарката во Запорожје оштетени во украинско гранатирање

Привремената управа на украинскиот град Енергодар, кој е под контрола на проруските сепаратистички и руски сили, соопшти во петокот дека електричните водови во нуклеарната централа во Запорожје се пресечени во украинско гранатирање.

Во соопштението објавено на платформата Telegram, привремената администрација објави дека на подрачјето на нуклеарката, со којашто сѐ уште раководи украински технички персонал, избувнал пожар и дека е исклучена струката потребна за безбедно функционирање на централата.

Украина ја обвинува Русија за наводни напади во близина на нуклеарната централа. Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ објави дека наводно Русија ја гранатирала централата но дека таа и натаму работи и дека не е детектирано испуштање радиоактивност. Појасни дека е одлучено еден од реакторите исклучи од електроенергетската мрежа поради штета поради електричните водови кои ја поврзуваат централата со термоцентралата Запорожје.

Украинските тврдења за руско гранатирање не се поткрепени со докази, и се малку веројатни имајќи предвид дека контролата над областа вклучително и на нуклеарната ги имаат проруските и руските сили.

Моменталната управа во Енергодар ја појаснува ситуацијата, пак, дека два електрични вода се прекинати со украинско гранатирање, што исто така не може да се потврди од независни извори. Енергодар и нуклеарната централа се под руска контрола уште од почетокот на март и се релативно близу боиштето.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, вообичаено без да приложи докази, ја обвини Русија дека наводно ја користи централата како штит за своите сили, а Украина ја обвинува Русија дека ги гранатира нејзините позиции наводно од позиции во близина на нуклеарката,

Русија го отфрла таквите наводи и оценува дека станува збор за обиди на Киев да го оправда неуспехот на најавената противофанзива, и потсетува дека одамна ја предупредила меѓународната заедница дека континуираните украински гранатирања врз нуклеарната централа може да доведе до голема катастрофа.

Украинското министерство за надворешни работи ја повика меѓународната заедница „итно да преземе мерки за да ја присили Русија“ да ја предаде контролата над нуклеарната централа на Украина.

Челникот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Маријано Рафаел Гроси, изјави претходно седмицава реле дека контактите со нуклеарката се „кревки“ и дека побарал пристап за да се утврди дали претставува опасност.

„Во изјавите на руската и на украинската страна има контрадикторности. Добивам информации, ја споменувам во своите ситуациски извештаи, но никако не можам да утврдам дали тоа одговара на фактите“, вели Гросо за швајцарскиот дневен весник Tages-Anzeiger.