Електронско поднесување годишна сметка за подобри бизнис резултати

Годишните сметки до Централниот регистар отсега ќе се поднесуваат и по електронски пат.

Оваа нова мерка, како што истакнува директорот Ванчо Костадиновски, ќе овозможи подобрување на бизнис средината со цел подобри бизнис резултати.

„Главната предност на овој систем се состои  во тоа што ќе овозможи поедноставено и поефикасно поднесување на годишната смета за 2013 година почнувајќи од 2013 година па понатаму да може да се користи од сите сметководители би биле среќни доколку во годините што следуваат целосно ќе се премине на овој систем“, рече Костадиновски.

На овој начин на фирмите и сметководителите повеќе нема да им бидат потребни двојни дигитални сертификати, ќе нема потреба од двојно изготвување на годишните сметки и ќе  се овозмози групно плаќање на надоместокот за поднесување на годишната сметка од страна на сметководителите кои водат повеќе фирми.

Од оваа година новина е продолжувањето на рокот за поднесување на годишна сметка до 15-ти март.

Премиерот Груевски, кој присуствуваше на презентацијата на електронскиот систем истакна дека ова е уште една мерка за Владата која е со цел подобрување на бизнис климата.

„Верувам дека оваа мерка ќе биде уште еден чекор во олеснување на деловното работење на фирмите во Република Македонија“, истакна премиерот Груевски додавајќи дека токму ваквите мерки го подобруваат котирањето на Македонија во извештаите како „Дуинг бизнис“ и истото не останува незабележано од странските инвеститори.

Во изминативе неколку години Владата презеде низа мерки со кои го олесни деловното работење како намалување на рокот потребен за регистрирање фирма на само четири часа, издавање електронски потврди од Централниот регистар, регистрационен агент и регистарот на задолжници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.