16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование со просек 10 и 9.7

Ангажираните со договор за привремено вработување, Бесијана Џафери и Димитар Грчев, имаат завршено високо образование со просек 10 и 9.7, со што ги исполнуваат потребните услови за конкретното работно место, а еден од ангажираните е и со повисок степен на образование од тој што се бара, се вели во демантот од ЕЛЕМ испратен во саботата вечерта.

Компанијата реагира на, како што се вели, континуираните објави во дел од порталите во кои се навредуваат вработени во компанијата, како и самата АД ЕЛЕМ, со содржини и наводи кои, според нив, се целосно невистинити, каков што бил и во овој случај.