ЕЛЕМ продаде вишоци струја за 4.186.820 евра

АД „Електрани на Македонија“, ЕЛЕМ, информира дека на 6 јуни 2019 година преку јавна аукција продала 4.800 мегават-часови,мгвч, електрична енергија за вкупна сума од 198.792 евра. Продадената струја е за периодот од 11 до 14 јуни. Како што се наведува од компанијата, просечната цена која е постигната на аукцијата изнесува 41,42 евра за мегават-час.

На Унгарската берза на електрична енергија, цената за тој период изнесува 38,66 евра за мгвч.

Исто така, за месец јули се продадени и 11.160 мгвч. вишоци електрична енергија за вкупна сума од 561.794 евра.

Просечната цена која беше постигната на аукцијата за периодот 1-31 јули изнесува 50,34 евра за мгвч. На 10.6.2019 АД ЕСМ продаде 52.992 мгвч. за третиот кавртал (јули, август и септември) во вкупна вредност од 2.842.314 евра. Постигнатата просечната цена инесува 53.63 евра мгвч.

На 12.06.2019 АД ЕСМ спроведе аукција за периодот 17-28 јуни 2019. На оваа аукција се продадени 12.000 мгвч. во вкупна вредност од 583.920 евра. Просечната цена која беше постигната е 48.66 евра за мгвч.

Со тоа, вкупната вредност на продажбите извршени во првата половина на јуни изнесува 4.186.820 евра.

Во 2019 година преку 17 јавни аукции продадени се вкупно 174.552 мгвч. вишоци eлектрична енергија, во вкупна вредност од 8.495.618 евра.