Елен Деџенерес го прекинува снимањето на шоуто

Шеесет итригодишната водителка и комичерка Елен Деџенерес во 2022 година ќе го прекине снимањето на своите телевизиско ток-шоу, изјави во разговорот за интернет страницата на Hollywood Reporter во средата во периодот кога паѓа попиларноста на емисијата.

„Колку и да е одлична и забавна, оваа емисија повеќе не е предизвик. Потребно ми е нешто ново што ќе ми биде поттик“, вели водителката на којашто ова ѝ е 17-та сезона во која се емитува нејзиното „Тhe Ellen DeGeneres Show“, истакнувајќи дека со емисијата сакала да заврши уште во 2019 година.

По успехот кој во 1980-те години го постигна како комичарка, Деџенерес се прослави со серијата „Ellen“ емитувана од 1994 до 1998 година, во кој во 1997 година стана првиот главен лик во една телевизиска серија кој ја призна својата хомосексуална ориентација.

Водителката, лезбејка којашто живее со партнерката актерката Портија де Роси, тврди дека одлуката за прекинување на снимањето на ток-шоуто не е поврзана со полемиката којашто се разгоре минатата година поради емисијата којашто се емитува од 2003 година.

Ланскиот јули главните продуценти на шоуто рекоа дека атмосферата во којашто се снима емисијата е „лоша“. Елен Деџенерес не беше директно не беше обвинета, но ѝ беше забележано затоа што дозволиле да се создаде таква атмосфера во нејзиниот тим.

Гледаноста на емисијата која се прикажува околу средината на попладнето во САД од септември бележи остар пад и сега има околу 1,2 милиони гледачи, додека уште минатата сезона ги имаше двојно повеќе.

Деџенерес минатата 2020 година зработила 84 милиони дилари, главно благодарјќи на својата телевизиска емисија, па магазинот Forbes ја пролгаси за дванаесеттата најбогата тв-ѕвезда на светот.