Еленица и Дравас Инжинеринг на Заеви должат на државата над 400.000 евра данок на државата

Еленица“ и „Дравас Инжинеринг“ се двете најголеми компании на Заеви, а должат на државата над 400.000 евра данок, додека компаниите на Заеви им вртат 56 милиони евра годишно, вели Наум Стоиловски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Замислете компанија која што не би била блиска до власта и зад себе нема политички функционер, како што е Зоран Заев, колку даночни инспектори досега, колку инспекции и колку блокирања на сметки и други зафати ќе доживее, зафати кон ништење на бизнисот. Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират. Фирмите на Заев добија дозвола за одгледување на медицинска марихуана во Свети Николе, го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“ по цена на една гарсониера, за 40.000 евра добиваат проекти за градба на станбени комплекси вредни 10-тици пати повеќе. И тоа не е се. Вакви примери има многу. Бизнис во Струмица не е можен, ако во тоа немаат интерес компаниите на Заеви. Зоран Заев со триесетина семејни компании е пример за можна корупција, пример за политичко влијание, за моќ во бизнис релациите. Тоа се најмалку неколку десетици причини за корупција и за насочување на државните економски текови. Се додека на јавна функција се политичари кои што се сопственици, акционери на компании, има можност за корупција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.