Диета, детоксикација и забрзување на метаболизмот – три во еден би можел да биде називот на дводневниот режим на исхрана со кој за 48 часа ќе почувствувате позитивни физички промени. Главните состојки на оваа детоксикација се два моќни напитоци кои ќе ви помогнат да го прочистите организмот од насобраните токсини и маснотии.
За време на детоксикацијата пијте повеќе зелен чај без шеќер. Срцето на оваа диета се двата напитоци – првиот за слабеење, кој се пие навечер, а вториот за забрзување на метаболизмот, кој се пие наутро.
Напиток за слабеење
-1лажица мелена лута пиперка
-1лажица ѓумбир
-2лажици сок од лимон
-1лажица јаворов сируп
-300 милилитри вода
Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат. Овој напиток е најдобро да се испие навечер пред спиење.
Напиток за забрзување на метаболизмот
-4 чешниња лук
-6 лажици сок од лимон
-2 домати
-6 коцки лед
-500 милилитри вода
Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат. Се препорачува овој напиток да се испие наутро пред појадокот.