Елиот потпиша со Ливерпул до летото 2027-ма

Иако пред една година потпиша нов договор, 19-годишниот играч од средниот ред Харви Елиот во четвртокот на продолжи својата верност на англискиот фудбалски великан Ливерпул до летото 2027 година, соопштија од клубот.

„Убаво е да се знае дека тука ќе бидам уште многу години, што е прекрасно имајќи предвид дека станува збор за клуб во кој дојдов како момче и ништо не ме прави посреќен и повозбуден“, изјави Елиот за официјалниот портал на Ливерпул.

Елиот може да игра и на позицијата на офанзивен играч од средниот ред и на крилната позиција, а во првиот тим на Ливерпул влезе на почетокот од минатата сезона, откако се докажа сезона претходно додека беше на позајмица во Блекбурн Роверс, за кои во 42 натпревари постигна седум погодоци со 11 асистенции.

За првиот тим на Ливерпул настапи на 22 натпревари и постигна еден погодок, а во март дебитираше и за младата селекција на Англија.

„Имајќи предвид дека доаѓам од семејство во коешто се навива за Ливерпул, за мене нема подобро место на светот од ова на коешто можам да ги облечам дресот на Ливерпул и да играм за екипата и за навивачите“, изјави 19-годишниот играч обврзувајќи се на пет годишна верност на клубот од „Енфилд“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.