Елмас и Наполи се пласираа во четвртфиналето на италијанскиот куп

ANSA / CIRO FUSCO

Екипата на Наполи  се пласира во четвртфиналето на италијанскиот фудбалски куп откако попладнево со 2-0 ја совлада екипата на Перуџа.  Цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз со што се потврди дека е во плановите на новиот стратег Џенаро Гатузо.

Головите  за Наполитанците ги постигна Инсиње од пенал додека Елмаз во два наврати се обиде да постигне гол но се уште ќе го чека дебитантскиот погодок за својот тим.

Наполи во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Лацио-Кремонезе.