Елмас: Магична ноќ, надеж дека со овој трофеј ќе започне долгата серија (ФОТО)

Екипата на Наполи синоќа по пенал „рулетот“ стигна до титулата во Копа Италија победувајќи го фаворитот Јувентус.

За македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ова е прв трофеј со тимот од Неапол, а шанса за настап доби во финишот од мечот. Тој преку социјалните мрежи ја пренесе радоста за неговиот прв трофеј во дресот на италијанскиот гигант.

https://www.instagram.com/p/CBji4b6IvIK/?utm_source=ig_embed

„Првиот трофеј во мојата кариера го освоив со специјален тим. Магична ноќ, со надеж дека со овој трофеј ќе започне долгата серија“, напиша Македонецот на својот Инстаграм.