Елмас: Не сакам бате Горан да оди во пензија, ни треба за Светското првенство

Најдобриот македоски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, најави дека ќе се пензионира по завршувањето на настапите на Европското првенство, но голем број од неговите соиграчи го убедуваат да се предомисли.

Еден од тие е младиот Елиф Елмас, кој го притиска Пандев да продолжи да игра, бидејќи, како што вели, Македонија е во добра позиција во квалификациите за Светското првенство.

– Не знам дали мечот против Холандија в понеделник ќе му биде последниот натпревар на бате Горан, но и по ова Европско првенство имаме важни натпревари, нè чекаат квалификациите за Светско првенство, а тој ни е потребен во тимот. Не сакам да оди во пензија. Но, ако тоа се случи, сакам да го испратиме на еден убав начин. Јас посакувам и се надевам дека нема да се откаже после овој натпревар против Холандија – рече Елмас.

Тој истакна дека македонската репрезентацијата е подготвена за мечот со „лалињата“.

– Ќе играме тежок натпревар без разлика на тоа што Холандија можеби ќе игра со втор состав. Тоа не ни е важно. Треба да ја играме нашата игра и да ја израдуваме нацијата со една победа. Одигравме два солидни натпревари, но неискуството си го направи своето – рече Елмас.