Елон Маск и става крај на војната со „патентите“

Патентниот систем во светот не е совршен, но е индустрија вредна милијарди долари. Поради оваа причина и критичарите не смеат да ја разнишаат. Нејзината основа сепак понекогаш може да им наштети на иновациите, обезбедувајќи делумен монопол врз одредена компанија.

Во обид да предизвика револуција во автомобилската индустрија, милијардерот Елон Маск најави дека ќе ги направи отворени и слободни за користење повеќето патенти на својот производител на електромобили „Тесла“. Идејата му е едноставна – иновациите што ги прави неговата компанија да можат да се применат од други играчи од индустријата и да ги промовираат електричните автомобили. Маск сепак оди подалеку и објавува дека целиот патентен систем во моментов е погрешен и главно штити одредени компании од иноваторите. Всушност, технолошките патенти се едни од најголемите и најсилни средства на секоја компанија. Тие се плод на нејзиниот интелектуален труд, откако доста често заземаат и голем дел од пазарната процена.