Елоне, купи не’!!!

И официјално е потрдено дека Eлoн Маск тежи преку 350 милјарди долари што е за огромна маргина повеќе од второпласираниот Безос, кој може да го купи со се’ гаќи. Дефинитивно повеќе вреди дури и од Финска, еј, Финска, земјата на Нокиа, мадафака! Сума сумарум, Елон, може да ја купи Финска и со остатоткот од парите да ја купи и Македонија и пак побајаги да му останат! А, зошто не? Оти суверенитет? Ма дај, не ме Кили!

Мислев дека спас за Македонија е да направи референдум за 51. Американска држава и така станувајќи и онака легитимна терористичко-киднаперска цел, сите идентитетско-безбедоносно-историски прашања ќе ги решева Вашингтон, а Вашингтон за преговори ти е како Мандинго во светот на филмови за возрасни-рамноправни ама на крај прее*ани.

Но, со раждањето на популстичката руско-школска булумента на квази десничари со кокарда во облик на петокрака, тешко дека ќе можеме да го надминеме рефлуксот и дијареата, истовремено, со па-ла-МУмуМУ-дењето за некакви си виши цели. А, некој серизно ќе рече, па Јане, вредат ли пари оние наши манастири, имаат ли цена тие божји куќи? Како може такво нешто да се продаде? Да, нема цена, не е за продажба, но кога ние верници на жив ѓаол икона му продаваме само ради пусти крвави пари и се тешиме дека Бог го оправдува како наша борба за живот и одржување на семејството, добивам уртикарија кога ќе ги видам благосиљаните фреско живописи со некој сељо кој се напунил пари давајќи криминално-сексуални услуги на партијата, продавајќи се’ што идентитетски и државно може, па со дел од украденото, глејте, ни направил црква! Ајлелуја!

НЕЈСЕ… убеден сум дека Елон може поарно да не’ стокми, да не’ направи корпоративна демократија, како дел од неговата „Тесла“. Да не’ пресели сите топтан во Тексас каде би ни направи етно село, а сите ние вработени собари и келнери во неговиот проект. Па добро, што со земјава? На Бугарите ли? Ма дај не ме радуј, ме болат градовите! Па, секако дека ова парче сончева зракопрцница ќе биде идеално место да се постават сончеви колектори. Имено, пред десет или помалку години, Елон покажа проект со кој, на таа презентација, јасно и прецизно претстави дека севкупната енергетска криза на целата планета Земја – целата планета!!!… може да се реши со фотоволтаици на површина толку колку Македонија. Па, еве викам нека нѐ купи, па во сета онаа пропала поетика на антицизам-заебанстки кажано, (ЗА КОЈ ПАТЕМ ВЕРУВАМ ДЕКА Е ТОЧЕН И ДЕКА СМЕ АНТИЧКИ ТУКУ – ШТО СО ТОА?) дека ете Македонија, лулката на светот која и ќе го спаси истиот, само треба да не нема пошто по ашљак-преварантска и клиентелистичка популација нема. Ма секако дека ќе избие нова втора граѓанска војна во САД ако не сместат таму, дека како првостепени упикувачи и хушкачи има да ја распламсаме, хејтањето додека САД не се распаднат ко Југославија. Не знаат они што е хејт, колку и да пукаат по школи и се повлекуваат од авганистани-седни. Затоа, вака додека лечам дијареја над школката и пишувам текст, гласно и ароматизирано заклучувам дека идејата за купопродажба на Маск на земјава, ѓутуре со се нашите неиспрани гаќи, не е добра за човештвото, но сепак, Елон е совршеното решение за целава земја и сите народи и народности во него. Сепак, Елон има голем план кој се совпаѓа со нашите пробиотско-пре-универзум нагони за спас и крај на светот – надбожно религиозни одбрани кои светот наш убер Мачедон го создал не за седум туку десет дена, ебаве глупите и неговото спасоносно решение е да не’ испрати да го колонизираме Марс. Марс-црвената планета, само малку треба жолта да понесеме за знамето и црна за партиското, добро, може и сина, да одржиме привид на ниво на парламентарна демократија. Таму, сами, меѓу пустинските дини, да создадеме нова имерија која некој си Аце Марсовац ќе го покори целиот Марс и ние со векови потоа ќе збориме за силата, ем славата на јахачот на роверот кјуриозоти. Елон е нашиот нов Тито, никој друг!

А, можеби претерувам со сево ова, можеби Маск треба само да не’ купи, не’ остави тука, стави ограда, и на секој влез да стави знак- Парк-Лудница-Македонија. Па да наплаќа влезници кога ќе доаѓаат странци на фото сафари. Мене барајте ме кај нилските коњи.

Елоне, купи не’ од курташак – жити сФе!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес