Магазин

Елтон Џон доби „корпа“ за венчавката на принцот Хари

Елтон Џон доби „корпа“ за венчавката на принцот Хари

„Би сакал да бидам на венчавката за да ги видам бидејќи мислам дека се среќни“ истакна музичарот за кого порано се шушкаше дека ќе биде еден од музичарите кои ќе имат чест да настапат на кралската венчавка на принцот Хари (33) и поранешната актерка Меган Маркле (36) што ќе се случи на 19. мај во капелата Св. Џорџ во дворецот Виндзор.

Тој беше близок пријател на починатата мајка на Хари, принцезата Дијана и пееше на нејзиниот погреб, а поради свадбата откажа бројни концерти во Лас Вегас.

Ако ме прашаат да пеам на венчавката, ќе пеам, но сеуште немам добиено ниту покана – вели пејачот Елтон Џон (72) за британскиот таблоид Daily Mirror.

Иако од палатата Кенсингтон се пофалиле со изгледот на поканите уште на 22. март и истакнале дека ги испратиле, се чини дека „заборавиле“ на Елтон.

Според него луѓето го сакаат Хари. Тој е млад и токму како Дијана разговарајќи со граѓаните им дава чувство дека се сакани и се чувствуваат важни. Тој објаснува дека е многу благородно што принцот тргнал по „стапките на мајка си“ и по тоа што ја крева свеста за СИДА-та, а тоа го прави и пејачот заедно со својот сопруг, филмскиот продуцент Дејвид Фурниш (55).

Тие се венчаа во 2014.година а ги имаат синовите Закари (7) и Елаја (5).